Нова давачка за влез во Европа ?

0
775
Европската Унија ќе воведе  нова давачка за земјите што не се нејзини членки. Граѓаните на Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и на Босна и Херцеговина во иднина ќе мора да плаќаат по 13 евра за влез во земјите од ЕУ.
 Европската комисија се подготвува да воведе механизам за задолжителна регистрација.Предлогот е инспириран од американскиот систем ЕСТА, а тоа ќе се однесува на граѓаните од државите кои не се земји-членки на Европска унија, а не им се потребни визи за влез во Шенген зоната.

Главна причина за тоа е регистрирањето на сите патници што влегуваат во Унијата заради поголема безбедност, но и полнење на буџетот, ако се знае дека ЕУ е најголема туристичка дестинација со 600 милиони туристи годишно. Процените се дека заработката од ваквата мерка би била околу 500 милиони евра годишно.
Овој систем ЕУ би можела да го донесе на почетокот од следната година и нејасно е дали тој би важел еднократно или би се плаќал секој влез во Европската Унија.

Со тоа едно четиричлено семејство за влез на одмор во Грција би морало да плати дури 52 евра, што секако ќе биде дополнителен трошок.
https://youtu.be/i5DO23DavIA