Нова дрога по дискотеките

0
771

Лепењето фластери по вратот или под пазувите е новата дрога по дискотеките во Скопје. Фластери кои се исклучиво за галење со партнерот, и фластери кои гарантираат страсно водење љубов. Во весникот Вест пишува дека фластерите им се нуделе од препродавачи за релативно ниски цени , а тинејџерите велат дека фластерите за галење се со најмала концентрација на наркотик и се со најлесно дејство, но дека не знаат каква дрога има во фластерите а имаат брзо дејство.

Од Министерството за внатрешни работи засега немаат податоци за појавата на овој вид наркотици во Македонија .

Слично со таблетите екстази се и т.н трипови -картончиња , големи околу еден сантиметар, со слика на нив која нормално треба да содржи психоделична дрога ЛСД. Но денеска постојат и други формули, кои по дејство можат да наликуваат на ЛСД, но не се, а се открива во запленетите трипови. Но во 2010 год биле запленети трипови дрога од иста класа , чија токсичност и штетно дјество предизвикало предозирање и неколку смртни слчаи во Австралија и во САД. Доказ дека на нарко пазарот во земјава постојано се појавуваат нови дроги , како што се веќе познати случаите во Битола , кога беше откриена непозната материја во прав, од групата на синтетски катиони со стиимулативно дејство, објавуваат од ХОПС.

Дали во Битола ги има и се користата овие љубовни фластери, засега нема податок. Од СВР Битола велат дека тие досега не регистрирале ваков случај.

Без коментари

LEAVE A REPLY