„Нова интересна идеја“ за продолжување на преговорите и денеска

0
380

И денеска ќе продолжат преговорите меѓу претставниците на пржинската „четворка“ за отворените прашања што го попречуваат договорот неопходен за да има избори на кои сите партии ќе учествуваат.

Така најави американскиот амбасадор Џес Бејли, во чија резиденција беше вчерашниот состанок, по кој амбасадорот изјави дека договор не е постигнат, но оти на маса имало „нова интересна идеја“, која партиите треба да ја разгледаат.

Како што е познато, преговорите се заглавени на ингеренциите на министерот за внатрешни работи, и на новиот поврзан проблем што го наметнува ВМРО-ДПМНЕ, околу траењето на мандатот на министрите од опозицијата во техничката влада.

„Не можам да кажам дека имаме договор. Она што можам да го кажам е дека на маса има нова интересна идеја. Како што кажав и во петокот, овој договор е многу важен за земјата, важен е за Европската унија и за САД. Партиите ќе ја разгледаат можноста и ќе продолжиме утре“, рече Бејли.