Нова лидерска – финален обид за договор

0
146

Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети, Мендух Тачи и амбасадорите Орав и Бејли и утре кафето ќе го пијат на заедничка маса во Клубот на пратеници. Утрешната средба на денот кој Груевски и Заев го поставија како неформален рок за повидливо поместување во преговорите се очекува да биде финален обид за постигнување договор.

Дипломатски извори брифираат дека на интензивните средби кои се одвиваа во текот на неделава е постигнат напредок, но не сакаат конкретно да откријат за што се работи и дали тоа е доволно да се смета дека веќе решение има.
На маса целиот овој период беа повеќе модификации за формирањето и функционирањето на т.н организациска Влада, како и повлекувањето на Груевски и тајмингот кога тоа би се направило.