Нова офанзива на сириските бунтовници

0
295

Сириските бунтовници започнаа голема офанзива кон деловите на градот Алепо, што се под контрола на владините армиски сили, соопшти денеска Сирискиот центар за мониторинг на човечките права.

Бунтовниците утрово почнале офанзива за преземање контрола врз автопатот Кастело, кој претходно го зазеде сириската армија, со што целосно ја прекина врската меѓу бунтовниците по копнен пат.

Сирискиот центар, чие седиште е во Лондон, соопшти дека 19 сириски војници загинале при експлозија во тунел во стариот дел на Алепо.

– Опозицијата засега не бележи напредок, поради воздушните напади на режимот во реоните каде што се водат борбите – изјави директорот на Центарот, Рами Абдел Рахман.