Нова офанзива против Исламска Држава во Сирија

0
320

Борците поддржани од Соединетите Држави започнаа нова офанзива против екстремистичката група Исламска држава во источна Сирија, зголемувајќи ја можноста за конфликт со ривалските, владини сили поддржани од Русија, поради водење операции во истата област. Пограничниот дел на Ирак, провинцијата Деир ал-Жур, богата со нафта, е клучна награда за многумина, вклучувајќи ги и сириските сили поддржани од Русија, кои се борат за својата западна половина. Оваа провинција стана последниот епицентар на војната против ИД. Курдските сириски демократски силиобјавија дека воениот совет на Деир-ал Жур започнал операција за да ги истера милитантите на ИД од провинцијата Деир ал-Жур. Абу Кала, кој го предводи Воениот совет на Курдските демократски сили изјави дека сега ќе имаат за цел да ги расчистат милитантите на ИД од територијата источно од реката Еуфрат.

Без коментари