Нова опрема за битолскиот театар

0
564

Во Народниот Театар во Битола денес пристигна третиод дел од опремата за техничко доопремување на театарот, кој што е дел од тригодишниот договор со министерството за култура, за техничко опремување на театрите , а на претходно барање на истите.

blagoj miceski

„Овај пат добивме музичка миксета, два CD проектори со мнгу голем квалитет, кои што ќе придонесат за подобри визуелни остварувања на нашата сцена.Најважно од се е тоа што добивме и звучна опрема како и специфични светла кои што беа најголемата маана за досегашните наши изведби“, изјави Благој Мицевски, в.д директор на НУ Народен Театар-Битола

 

oprema 3Вкупната вредност на инвестицијата кој што е по договор на Министерството за култура изнесува околу 135 илјади евра.

„ Во наредниот период треба да пристигне и пратка со завеси“, додаде Мицевски

oprema teatar 1

Опремата во Народниот Театар во Битола не била сменета од 1980 година