Нова опрема за мониторинг на медиумските содржини

0
239

Нова опрема за мониторинг на медиумските содржини, финансирана од Европската унија, денеска ќе биде пуштена во употреба во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

На завршниот настан со кој се заокружува проектот „Обезбедување опрема на мониторинг на медиумските содржини што го врши Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“, ќе се обратат директорот на Агенцијата Зоран Трајчевски и амбасадорот на Европската унија во Македонија, Самуел Жбогар.

Вредноста на опремата изнесува околу 800 илјади евра, а ќе овозможи континуирано 24-часовно снимање на програмите емитувани од лиценцираните радио и ТВ-станици.