Нова опција за тинејџерите на Facebook

0
263

Од неодамна е достапна нова опција на Фејсбук која овозможува емитување во живо за двајца корисници во исто време.
Почетната верзија ќе биде достапна за корисниците на Facebook Mentions апликацијата на iOS и ќе бара верификација од двата кориснички налози.

Сите неверификувани корисници во САД оваа можност ќе ја имаат од септември, а за остатокот на светот би требало да стане достапна од октомври или ноември.

-Во јуни објавивме дека корисниците ќе можат да користат “Facebook Live“ да повикаат други корисници на Фејбук да им се приклучат во “live video“. Сега почнуваме со таа можност за помал број корисници и службени страници. Во следните месеци можноста ќе биде достапна за сите корисници, наведува извор од Фејсбук.