Нова перална за Заводот„Кочо Рацин“ од Шведска

0
1367

Вака изгледаше пред некое време подрумот на Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух говор и глас и други проблеми во развојот Кочо Рацин Битола пред неговото реновирање.

Денес доби комплетно нов лик.

Нова перална за децата и за вработените од хуманитарната организација Ханти Хант од Шведска. Оваа перална не е прва донација, минатото лето обезбедија комора за чување на храна по Хасап системот во оваа установа.

За донацијата, за комплетно уредување на веш кујната подршка добиле и од општина Битола

Во Заводот Кочо Рацин во Битола се згрижени 74 ученици со целодневен престој од цела Македонија. Во однос на внатрешната организација, институцијата е поделена во два оддели: административна служба-даватели на јавни услуги, и помошно технички персонал.

Наставата се одржува во индивидуални 6 кабинети технички опремени, за како што вели директорката непречено одржување на наставата. Моментално се работело на уредување на сензорската соба.