Нова пониска класа од економската

0
261

Досега патниците од екомомската класа на летовите на поголемите авиокомпании можеа да очекуваат минимум погодности и до некаде удобно сместување.

„Новиот“ вид на авионски услуги т.н. „основна“ економска класа или како што некои ја нарекуваат последна класа, би можела наскоро да стане нормален дел од понудата на авиопревозниците кои сакаат да понудат поевтини авионски карти, а сепак да бидат во финансиски плус.

Едноставно, нема да мора да стоите во авионите како што некои тоа го најавуваа, нема да ви наплаќаат тоалет, но нема веќе ни бесплатна чаша вода.

„Basic economy fare“ е услуга која одамна ја нудат нискобуџетните авиопревозници и која не ве пружа многу кога се во прашање удобноста и погодностите на летот. Поточно, оваа услуга не ви пружа ништо освен седиште, а за се останато ќе треба да се доплати.