Нова престрелка во Франција

0
363

Еден војник и постар маж од муслиманска вероисповед се полесно повредени во инцидентот предизвикан од маж кој со автомобил се залетал во војници кои чувале џамија во градот Валенс на југот на Франција.

Возачот е тешко повреден бидејќи војниците отвориле оган во него, но повредите не се опасни по живот, објави француската влада.

29-годишниот маж чиј идентитет не е објавен е префрлен во болница, а неговите мотиви се сѐ уште непознати бидејќи не е испрашан. Извор близок до истрагата кажал дека не ѝ е познат на разузнавачката служба, а дека е од предградие на Лион.

Повреден е 72-годишен верник, погоден од заскитан куршум испукан од војниците, а полесно е повреден еден од војниците, соопшти градиначалникот Никола Дарагон.

„Четворицата војници биле пред џамијата, умерена и мирна џамија, во времето кога пристигнувале верниците меѓу две молитви“, изјавил Дарагон.

Возачот двапати земал залет за да ги прегази војниците кои припукале во неговиот втор обид.

www.mkd.mk