Нова рација во Брисел, се трага по Билал Хадфиј

0
695

Белгиските власти извршиле рација на шест различни локации во Брисел, како би влегле во трагата на Билал Хадфиј, кој минатата недела извршил самоубиствен бомбашки напад во Париз.

Од канцеларијата на белгиското федерално обвинителство наведуваат дека рациите се изведуваат во Моленбек и други области во Брисел. Билал Хадфиј е идентификуван како еден од тројцата напаѓачи на стадионот во Париз.

Белгискиот премиер Шарл Мишел изјави дека би сакал во парламентот да се изгласа амандман на уставот, кој би овозможил продолжување на времето за притвор за осомничените терористи.