Нова силна бура се заканува на југоисточниот дел на САД

0
132

Ураганот Ирма со голема брзина се движи кон Карибите и идната недела ќе донесе големи количини дожд.

Ураганот е на 1.160 км од островите Кабо Верде.

Тој го помина Атлантскиот океан со јачина од 3 степен, а сега се движи кон Карибите.

Ветерот е со брзина од 185 км на час.

Ураганот се движи кон Порторико, Доминиканската република, и Хаити,  каде ќе донесе дожд.