Nova Solutions организира обуки за изучување на програми

0
536

Маркетинг агенцијата Nova Solutions од Битола организира обуки за Интернет маркетинг, Графички дизајн и WEB Дизајн. Од Nova Solutions велат дека курсевите ќе бидат поделени, ќе се одржуваат два пати неделно, со по пет часа, и времетрање од 90 минути.

На почетокот се утврдува нивото на знаење на учесниците, за да се види дали кандидатот треба да почне со основно или напредно ниво. По завршувањето на обуката сите кадидати добиваат сертификат, додаваат од Nova Solutions.

Минатитот месец од Nova Solutions ги доделија првите дипломи на млади графички дизајнери за успешно помината обука за основи на графичкиот дизајн како и за Интернет Маркетинг и психологија во продажбата.