Нова состојба на патиштата

0
603

САБОТА, 16 ЈАНУАРИ 2016 15:14:47

ПРЕПОРАКА: АМСМ препорачува дека поради обилни снежни врнежи без особена потреба да не се патува во западниот дел, задолжително носење на зимска опрема, исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови. Според информации добиени од УХМР денес се очекува да има заладување и поинтензивни врнежи, кои во текот на денот почнувајќи од север ќе преминуваат во снег. До недела наутро насекаде ќе се формира снежна покривка, освен во крајниот југоисточен дел. На планините во западните делови се очекува повеќе од 50 см нов снег, а на повеќето пониски места снежната покривка ќе изнесува од 10 до 20 см.

ЗАБРАНА ЗА ТОВАРНИ ВОЗИЛА : Забрана за тешки товарни возила се воведува на патните правци крак Маврово – Дебар, крак Стража – Кичево и Тетово – Попова Шапка. Забрана за тешки товарни возила се воведува превентивно и на планинскиот превој Пресека, за останатите возила задолжителна употреба на зимска опрема.

ЗАБРАНА ЗА АВТОБУСИ : Забрана за автобуси е воведена на патниот правец Тетово – Попова Шапка, за останатите возила задолжителна употреба на зимска опрема.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по влажни коловози.

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ:Магла со видливост од 50-100 метри има кај Страцин,Тетово и на планинскиот премин Стража.

ВНИМАТЕЛНО: Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар-крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Деве Баир има чекање за излез од прилика 30 минути. На останатите граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.