Нова театарска визура на бесмртните Шекспирови сонети

0
405

Кога ќе помислам на нашата планета земја и се што постои на неа, ми се одзема здивот, доживувам еуфорија и се расолзувам на нашето битие.

Дали ние луѓето сме уништувачи или создавачи.

Ова е само дел од првата претстава работена по мотивите на сонетите на Шекспир, во режија на Јован Ристовски чија што премиера се одржа во битолскиот театар.

Врз основа на сонетите, Ристовски создава еден необичен театарски свет со сопствен израз почнувајки од јазикот џибриш, кој артикулира експлицитини говорни форми.

Претставата на Ристовски е критика кон луѓето, што правиме во овој 21-ви век, каде одиме, дали ќе се уништиме меѓусебно, или ќе продолжиме да живееме со некои стандардни цивилизациски вредности.

Во оваа претстава играат Јулијана Мирчевска, Елена Моше, Илина Чоревска, Викторија Степановска, која заедно со Огнен Дранговски и Габриела Петрушевска игра во двете претстави, како и Александар Копања.

– Актерска ерхива од емоции и изобилство од коментари со аргумент за промена, што завршува во публиката, таа е окото во кое се рефлектира сцената- вели драматургот Билјана Крајчевска и додава -сонетите на Шекспир се исклучително храбри, неконвенционални, луцидни.
Шекспир си поигрува, провоцира, се преиспитува себеси но и нас.

– Да се работи текст на Шекспир е во исто време и предизвик и задоволство-вели Ангелчо Илиевски, режисерот на втората претстава работена по сонетите на Шекспир и додава- тоа е исто како да истражуваш космос, да создаваш космос, да откриваш свет помеѓу световите, да навлегуваш во најинтимните делови и на авторот и на себеси.

Илиевски постави на сцена 30 -тина сонети од вкупно 154 на Шекспир.

Во оваа претстава покрај Степановска, Дранговски и Петрушевска, играат Петар Мирчевски, Филип Мирчевски, Иван Јерчиќ а музиката е на композиторката Дарија Андовска, а кореографијата на Јагода Димовска.

Приказната тука е раскажана низ ликот на поетот и црната дама, низ нивните сеќавања, болни теми, се до нивното клучно спојување- вечноста.

Костимите во двете претстави се на Благој Мицевски, сценографијата на Валентин Светозарев.
Втората изведба ќе биде на 23-ти, односно на денот на смртта на Шекспир, тоест на 400 години од неговата смрт.