Нова улица во Битола

0
1366

Урбаниот блок 18 кој се наоѓа во Месната заедница „Даме Груев“ доби комплетно нова улица, која денес се асфалтираше. Пред околу една година започнаа активностите на ова место.MAJA ULKICA

-На ова место порано беше нива, по барање на мештаните, се зафативме со ваква работа. Се работи за пола километар должина, со нова инфраструктура, водоводна, канализациона мрежа, тротоари, улично осветлување и коловоз за кое од буџетот се издвоени преку 13 милиони и 200 илјади денари, изјави д-р Владимир Талески, градоначалник на Битола.IZJAVA TALESKI ULICA

Во овој дел од градот последните години имаше повеќе инвестиции.

-Ова е нова содржина која е придобивка и ги поврзува сите нови објекти во околината, рече Талески.

Улицата заедно со краците се вика „Донка Ушлиова“.