Нова урбана опрема низ Широк Сокак

0
217

Општина Битола заедно со ЈП Комуналец поставија денеска нова урбана опрема на Широк Сокак пред Офицерски дом. Нови 25 корпи за отпадоци, 100 нови жардињери и околу 10 тона украсен каменVESNA_SIROK_SOKAK_TALESKI.jpg

„ Широк Сокак е разубавен со нови корпи за отпадоци од кои 25 веќе се поставени, 100 нови жардињери и околу 10 тона декоративен камен поставен на дрворедот. Сето ова е дизајнирано и реализирано од Комуналец, кој истото понатаму и го одржува ” изјави градоначалникот д-р. Владимир Талески.

VESNA_SIROK_SOKAK_006.jpg

Оваа инвестиција на јавното комунално претпријатие „Комуналец” изнесува над еден милион денари.

VESNA_SIROK_SOKAK_TALESKI_copy.jpg

„Оваа нова урбана опрема низ Широк Сокак подразбира замена на старите метални жардињери и метални корпи за отпадоци со нови модели кои се изработени од импрегниран пресован гранит и мермер.Согласно програмата за јавно зеленило, голем дел во изворите на финансирање на таа програма учествува општината, но и граѓаните. Значи сите правни и физички лица преку плаќањето на своите сметки за комунален отпад, инвестираат во уредување и разубавување на јавните зелени површини. ” изјави Зоран Соклевски директор на ЈП Комуналец .