Новата давачка не е на УЈП

0
423

Од Управата за јавни приходи велат дека нема воведено дополнителни давачки, што значи нула прилив во буџетот, а не 12 милиони евра, како што се тврди за да се пополнат буџетски дупки. Секој даночен обврзник е запознаен со обврската за сервисирање на фискалниот систем на опрема кај овластен центар, што не е новина што се воведе со ГПРС-фискализација. Од друга страна, новина и олеснување кое за даночните обврзници се воведе со измените во Законот за регистрирање на готовински плаќања е обврската на овластениот центар да обезбеди превентивна проверка без надомест, најмалку еднаш во годината – се вели во реакцијата на УЈП.

Оттаму истакнуваат дека трошоците за обезбедување непречена комуникација и пренос на податоците преку ГПРС-апаратот и Управата, што се одвива преку мрежите на мобилните оператори, се движат до 600 денари, а сите други потреби, како што се функционална и техничка поддршка, поправка на фискалниот апарат и слично, се предмет на договор помеѓу овластениот центар и даночниот обврзник.

fiskalna

Реакцијата на ујп следи откако излезе информација дека на фирмите кои работат со готовинско плаќање деновиве масовно им се блокираат новите фискални апарати кои ги набавија пред една година, со измените на Законот за фискализација. Истовремено, престануваат да работат и главните и резервните каси, по што апаратите мора да се однесат во фирмата од каде што се купени. Овластените застапници им наплаќаат надоместок од 40 до 70 евра по каса, за да може тие повторно да профункционираат, а за време на повторното активирање кое трае неколку дена, фирмите кои продаваат стоки и услуги на потрошувачите им издаваат сметки на парагон блокчиња.