Новата влада да ги реши споровите со соседите за влез во НАТО

0
333

Заменик-помошникот државниот секретар на САД Брајан Хојт Ји и дава целосна поддршка на новата влада на патот на реформите и членството во НАТО со затворање на билатералните спорови вклучувајќи го и тој со Грција.

„Очекуваме од новата влада да биде партнер со меѓународната заедница, со ЕУ, САД, со земји-долгогодишни партнери на Македонија, во насока наспроведување на потребните реформи за да може да напредува. Да ги реши прашањата со соседите, вклучувајќи ја Грција. Целта е постигнување на спогодби коишто би го деблокирале патот на Македонија кон евро-атлантска интеграција“, рече Ји за Босанската редакција на Гласот на Америка.

Тој исто така потенцираше дека САД продолжуваат да го гледаат овој регион одблиску кој  е дел и од нивнит интереси.

„Нашата политика спрема државите во регионот не e променета, бидејќи се базира на американските интереси за регион што се движи напред, кон интеграција во Европа и нејзините институции, кон подобра клима на инвестиции од европски и американски бизниси и воопшто – за подобар живот на граѓаните“, рече Ји.