Новаци ќе гради фекални канализации во четири села

0
134

Со грант од 260 000 евра обезбеден од Светска банка преку Влада на РМ , општина Новаци ќе гради фекална канализација во селата:Гермијан Добромири и Рибарци.Аплицирале со проекти за изградба на канализациони системи во три села во општина Новаци на новиот оглас на Министерство за финансии, средствата ќе бидат искористени за изградба на фекална канализација во Рибарци во должина од 1600 метри, во Добромири 2753,5 метри и во Гермијан 3563 м. Паралелно со изградбата на овие три канализации ќе се гради и фекална канализација во Бач која изнесува 2870м и истата ќе чини околу 6 милиони денари а средствата ќе се обезбедат преку задолжување.Исто така Општина Новаци има испратено апликација до Европската банка за обнова и развој ЕБОР со кој очекуваме грант од 250 000 евра кој ќе биде искористен за изградба на водовод од бунар кои ќе ги снабдува со вода селата Брод – Добровени –Живојно.