Новески е фудбалер на сезоната во Мајнц 05

0
167

Николче Новески во анкета на „Алгемајне Цајтунг” навивачите на Мајнц 05 го прогласија за играч на сезоната. Во анкетата на интернет порталот, дури 35,7% од гласовите ги добил 36 годишниот ветеран, додека второто место му припадна на Јоханес Гајс (24%), а трет беше Лорис Кариус со 10% од гласовите. Повредите го ограничија нашиот фудбалер на само девет сезонски натпревари, но за навивачите тој останува вистинска легенда и лидер. Битолчанецот сеуште не одлучил дали и каде ќе ја продолжи кариерата идната сезона.