Нови 6 павиљони за 90 тезги во битолскиот пазар

0
1135

 

Пуштени во употреба новите 6 павилјони во битолскиот пазар. Нaмерата е во современи услови да се продава и купува. Пазарџиите добиваат нови тезги по стари цени. Бенефит ќе имале сите граѓани од четирите општини: Битола, Новаци, Могила и Демир Хисар.

pazar 2
– Цената на тезгите за изнајмување ќе биде иста, нашата цел не е да ги зголемиме цените, туку и да му овозможиме на граѓаните да пазарат и да продаваат во современи услови, изјави Сашо Стаматов директор на ЈП Пазари

Носител на проектот Реконструкција и адаптација на делови од регионалниот зелен пазар во Битола е Центарот за развој на пелагонискиот плански регион, со вкупна вредност од 6 милиони 138 илјади и 237 денари, а кофинасиран од ЈП Пазари.

-Изградба на 6 Павиљони за продажба на овошје и зеленчук со: изработка на метална конструкција со челични профили; набавка и монтажа на кровна покривка од термоизолационен панелен лим; Изработка и монтажа на опшивки од пластифициран и челичен поцинкован лим; Изработка и монтажа на олуци и изработка и монтажа на снегобрани; Покривање на просторот помеѓу 6-те павиљони со изработка на метална подконструкција на просторот помеѓу павиљоните и покривање на просторот со лексан; Изработка на нова електрична инсталација со комплет опрема и светлосни тела. Реализацијата на проектот овозможи создавање на современ и функционален регионален пазар согласно со современите стандарди. Покривањето на регионалниот пазар во Битола овозможи зголемена заштита на производите од атмосферски влијанија сигурност, заштита на производите и нивниот квалитет и создавање на услови за зголемена фрекфенција на посетители и економска активност во пазарот.
Проектот, придонесува за унапредување на економскиот развој во Пелагонискиот регион преку модернизација и подобрена инфраструктура во регионалниот зелен пазар во Битола, што пак додатно придонесува за зголемување на економската активност на пазарот односно поголема френкфенција и промет на стоки и услуги на регионалниот зелен пазар во Битола, изјави Емилиа Ѓероска директор на ЦРППР

pazar 3

Проектот финансиски е подржан од програмата за регионален развој на Министерството за локална самоуправа преку бирото за регионален развој на Р.Македонија .

– Владата на Република Македонија преку Министерството за локална самоуправа во рамки на политиките за рамномерен регионален развој издвојува средства за проекти кои овозможуваат квалитетен живот на граѓаните без разлика на местото на живеење. Реконструкцијата на регионалниот Пазар во Битола е од големо значење и е финансиран со околу 6 милиони денари, од нив 4,6 милиони денари се средства на Министерството за локална самоуправа, изјави Билјана Цветановска Гугоска, државен секретар во Министерството за локална самоуправа.

Во изминатиот период, нагласи Гугоска од програмата на Министерството за локална самоуправа инвестирани биле околу 14 милиони ерва за 500 проекти на целата територија на државата.

– Во 2016 година, средствата за проекти од програмата за рамномерен регионален развој беа двојно зголемени наспроти 2015 година и тие изнесуваат околу 4 милиони евра, рече Цветановска Гугоска.

Во наредниот период како што најави првиот човек на ЈП „Пазари“-Битола ќе се инвестирало во реконструкцијата на реонот за продажба на бижутерија и рачно изработени производи.