Нови апсења во Брисел, сомневања за планиран напад од поголеми размери

0
358

Уште едно лице е уапсено во петокот утрото во Брисел, откако во текот на ноќта биле приведени шест лица, а иследниците ја разгледуваат теоријата дека терористите планирале да изведат напади од уште поголеми размери и да нападнат со автоматски пушки на повеќе места во градот истовремено со активирање бомби.

Белгиската полиција покрена во четвртокот навечер голема операција на повеќе места на подрачјето на Брисел. Во текот на ноќта се уапсени шест лица, чиј идентитет засега не се открива. Три од шесте лица се уапсени во автомобил пред Палатата на правдата во центарот на градот, две лица се приведени во бриселската општина Јете, а една во центарот на белгиската престолнина. Седмото лице е уапсено во петокот утрото во општината Форест.

Полицијата користела специјалните интервентни сили и хеликоптери во текот на операцијата, која се изведувала на повеќе места во Брисел. Претреси се извршени и во општината Шарбек, каде на полицијата ѝ помагала војската, но тие не резултирале со никакви апсења.

Фламанската телевизија VRT повикувајќи се на извори од истрагата објави дека напаѓачите планирале напади со поголеми размери од оние со кои беа изведени во вторникот во бриселскиот меѓународниот Завентем и на станицата од подземната железница Малбек и дека подготвувале нешто слично на нападите од ланскиот 13-ти ноември во Париз кога со истовремено активирање на бомби на неколку локации во француската престолнина и пукања од автоматско оружје, меѓу другото и на терасите од ресторани и кафулиња и во концертна сала, убија 130 а ранија повеќе од 350 луѓе.

„Имало наводно две групи подготвени да удрат истовремено. Тоа е хипотеза која ја разгледуваат иследниците“, се наведува во прилогот на VRT, а таа информација подоцна ја потврдија други извори од истрагата за другите белгиски медиуми.

Според оваа хипотеза, Салах Абдеслам, главниот осомничен за париските напади кој беше уапсен во петикот вечерта по престрелка со полицијата во Брисел, Мохамед Белкаид и Амине Шукри планирале со „калашникови“ да нападнат на улиците на Брисел истовремено со атентатите на аеродромот и на метро станицата.

Неколку дена пред апсењето на Абдеслам, полицијата во претрес на стан во општината Форест открила големо количество оружје. Во тој стан на една чаша се пронајдени отпечатоци од прстите на Салах Абдеслам, кој потоа брзо беше уапсен, како Амине Шукри. Од тој стан беше пукано врз полицијата, а во престрелката беше убиен Мохамед Белкаид./крај/мф/сн

Без коментари

LEAVE A REPLY