Нови апсења во Италија поради местење на натпревари

0
170

Повеќе од 50 лица биле уапсени во вторникот во Италија, додека повеќе од 70 се предмет на истрага поради местење на натпревари во третата и четвртата италијанска лига, пренесува „Gazzeta dello Sport“.

Италијанската полиција акцијата ја спроведува со обинителството од Катанцаро, град кој се наоѓа во јужниот дел на земјата. Во акцијата биле уапсени повеќе од 30 претседатели и членови на раководствата на клобовите во третата и четвртата лига.

Од полицијата потврдиле дека под истрага се клубовите: Про Патриа, Бриндиси, Л’Агила, Неапол Муњано, Торес, Вигор-Ламециа, Сантарканџело, Соренто, Монталто, Путеолана, Акрагас и Сан Северо.

Од мај 2011 година повеќе од 100 лица биле предмет на истрага на обвинителствата во Кремона, Бари и Неапол поради сомневање за местење на натпревари во Серија А и Серија Б. крај/мф/нц

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax