Нови безредија во Милвоки по полициското убиство на црнец

0
286

Едно лице е рането од огнено оружје, а полицаец е повреден ноќта кој понеделникот во Милвоки каде втор ден траат жестоките безредија откако црн полицаец уби осомничен вооружен осомничен црнец, поради што гувернерот на американската сојузна држава Висконсин ја активираше Националната гарда.

Откако беше одржано мирно бдение на помала група, полицијата во Милвоки соопшти дека во неделата ноќта спасила една жртва на пукање и ја пренесле во болница. Засега не е познато дали повреденото лице е еден од демонстрантите.

Еден полицаец, исто така, е хоспитализиран откако камен бил фрлен врз ветробранското стакло на неговото полициско возило, додаде полицијата.

Според соопштението на полицијата на Милвоки, нејзините припадници започнале да ја растураат толпата откако биле истрелани куршуми, а некои демонстранти започнале да фрлаат камења и шишиња. Притоа биле приведени неколку демонстранти.

Околу дваесет специјали се соочиле со група од стотина демонстранти во Шерман парк, еден од најсиромашните и најкриминогени квартови на Милвоки, во напната ситуација која траела до утринските часови, и била одбележана со спорадични истрели.

И покрај насилствата, полицијата објави дека не е распоредена Националната гарда, како и дека властите се ангажирани на воспоставување ред.

Гувернерот на Висконсин, Скот Волкер, како превентивна мерка ја активирал Националната гарда доколку избувнат пожестоки насилства.