Нови „бомби“ од Косово ја разгоруваат политичката сцена кај албанскиот блок

0
585
СЈО, Јавното обвинителство и МВР најитно да поведат постапка за расветлување на последниот случај со објавените приватни разговори на фан страна на Фејсбук наречена Пронто.мк на кој наводно се слушаат гласовите на лидерот на ДУИ Али Ахмети, поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Муса Џафери и пратеничката Ермира Мехмети – бараат од ДУИ. Ова барање велат особено се однесува на СЈО кое треба да го расветли незаконското прислушување, за да не се компромитира процесот. Реакцијата на партијата на Ахмети доаѓа откако пред неколку дена на профилот беа објавени два приватни разговори на високите функционери од партијата кои ја зовреа социјалната мрежа. Од МВР велат дека се работи на случајот и се дадени насоки да се истражи кој и  како ги постирал разговорите и со каква цел.
Пратеничката Мехмети преку својот фб профил реагираше дека разговорите не се автентични и се монтирани, а гласот е на друга женска личност.
Според портпаролот на СДСМ Шилегов, нарачаните текстови по курирски медиуми и пуштање прислушувани разговори по косовски медиуми се очигледно масло на ВМРО-ДПМНЕ. Сите разговори од „Вистината за Македонија“ што ги поседуваше СДСМ, рече Шилегов се во Специјалното јавно обвинителство.
На изјавата на Шилегов реагираше ВМРО ДПМНЕ. Оттаму велат дека зад новите разговори стои СДСМ преку Закир Бекири Чауш.
Медиумите ги открија линковите на Захир Бекири – Чауш со криминалци надвор од границите на Република Македонија, а неговите фотографии со раководството на СДСМ и доказите за криминалот што го правел по партиска наредба станаа видливи за сите граѓани.Трагичен е обидот на СДСМ да ги лаже граѓаните дека Захир Бекири не е нивен член и дека ги поседувал незаконските снимки на Заев без знаење на партијата, се вели во партиската реакција на ВМРО-ДПМНЕ.