Нови детали: Близок човек на Зоран Џинџиќ го нарачал атентатот

0
513

Милош Симовиќ, припадник на злоогласениот Земунски клан, тврди дека го знае вистинскиот нарачател на убиството на екс спрскиот премиер Зоран Џинџиќ и дека станува збор за политичар кој му бил многу близок соработник. На претходните судење тој само го спомена прекарот Чоки кој јавноста го поврзуваше со политичарот Небојша Човиќ, еден од лидерите на демократскиот фронт на Србија. Претходно мајката и сестрата на Џинџиќ поднесоа тужби против Човиќ за непријавување на припреми за напад на највисоките државни органи, додека пак против Велимир Илиќ, лидерот на Нова Србија, поднесоа тужба за поттикнување на убиство на највисоките државни функционери

20160929165814

Човиќ, чие име повторно кружи меѓу припадници на Земунскиот клан кои и самите го извршија атентатот врз Џинџиќ, се обидува да се оправда пред јавноста тврдејќи дека на криминалци не може да им се верува и се сомнева во начинот на кој Специјалниот суд за организиран криминал обезбедува наводни заштитени сведоци.

Има два главни сомнежа и двата се поврзуваат со кланот на Милошевиќ и структурите во државните безбедносни служби кои и натаму му биле лојални. Едната е дека на Човиќ му биле ветено премиерско место откако тој дознал дека Милорад Улемек Легија подготвува акција за напад на државните органи со припадници на специјалните сили составени од ветерани од војната, а за егзекутори се одбрани криминалците од Земунскиот клан.

Втората верзија е дека атентатот го подготвувале државните служби надвор од кругот на Џинџиќ, а дека Легија по средбата со премиерот се откажал од акцијата, но не се знае кој точно ја дал наредбата