Нови интелегентни сообраќајни знаци во Битола

0
2230

Нови предупредувачки интелигентни сообраќајни знаци се поставени на најфрекфентните сообраќајници – булеварот „1-Мај“ и улицата „Васко Каранглески“.Станува збор за т.н. интелигентни сообраќајни знаци кои посочуваат на дозволената брзина на управување со возилото и истовремено ја покажуваат брзината на движење на возилото, но камерите не можат да се применат како средство за следење и контрола во сообраќајот во изрекувањето на прекршочни санкции

zoran

„ Сите учесници што ќе го пречекорат ограничувањето од 50 км на час ќе бидат предупредени и ќе им биде укажано со која брзина се движат во моментот. Податоците од камерите не можат да се искористат за изрекување на прекршочни казни поради тоа што Македонија нема правна основа за тоа , изјави доц.д-р Зоран Јошевски член на РСБСП

Во текот на месец Декември средствата за смирување на сообраќајот беа поставени согласно Договорот со бр.08-1213/1 а врз основа на издадена Согласност од МВР на ревидирани сообраќајни проекти за траен режим на сообраќај .

Според досегашното искуство на полициите од европските земји што користат системи на сообраќајно-полициски камери за видеонадзор, не само што придонесуваат за поголема безбедност за расветлување на криминални настани, подобро одржување на јавниот ред и мир, регулација на патниот сообраќај, туку дејствуваат и превентивно при минување на црвено светло на раскрсниците, можат да се употребат во заштита и давање помош.За разлика од кај нас каде што се употребуваат како интелигентни сообраќајни знаци кои посочуваат на дозволената брзина на управување на возилото а не како средство за следење и контрола во сообраќајот во изрекувањето на прекршочни санкции. Па тука се поставува прашањето дали можеби доколку се искористат податоците од камерите и за прекршочни санкции приватноста на возачот е загрозена
Сообраќајните безбедносни камери веќе долги години се користат во поразвиените земји во светот, а нивната масовна употреба започна уште во 2005 година во Лондон, кога со нивна помош беше спречен голем терористички напад. Оттогаш повеќе земји започнаа да ги поставуваат на најфреквентните сообраќајници, раскрсници, подвозници и мостови.