Нови инциденти на границата кај Гевгелија

0
682

Македонско-грчката граница беше времено блокирана и за бегалците, а незадоволството на мигрантите ескалира.

Нови инициденти на граничната линија во близината на Гевгелија, по вчерашните тензии меѓу бегалците од Сирија и мигрантите од Иран, Пакистан, Мароко, Сомалија и Непал, кои се чувствуваат дискриминирани со македонското прифаќање на одлуката на државите од балканската бегалска рута – за селекција на лицата од подрачјата опфатени со воените судири од оние од останатите држави, кои во знак на протест и во обид да ја поминат границата, со ножици ја сечеле поставената жичена ограда. Македонските власти донесоа зајакнување на полициските и воените сили на границата, по уништувањето на дел од оградата, но тие во целосна воена опрема, само ги следат случувањата на грчката страна од границата.

Синоќа и утрово, имало и тепачки меѓу бегалците и мигрантите на Котата 59 на меѓуграничниот простор и тоа предизвикало и времено затворање на границата, по што, и единственото место каде што бегалците од Сирија, Ирак и Авганистан можеа официјално да влегуваат во Македонија било затворено. Така, повеќе од 3.000 мигранти останале блокирани во кампот кај грчкото погранично место Идомени, откако не се пропуштаат ниту бегалците, поради нов можен судир со мигрантите на кои не им се дозволува влез во Македонија. Мигрантите на кои не им е дозволен влез во Македонија, поставиле и барикади за да ги спречат бегалците да ја минуваат границата, извикувајќи: „Ако не можеме ние, нема ни тие!“.

Без коментари

LEAVE A REPLY