Нови листа на должници на УЈП

0
557

УЈП ја објави новата листа на должници.На неа се најдоа вкупно 4997 физички и правни лица, кои не и плакаат данок на државата или 240 повеке од декемрви.

Во однос на претходната листа, бројот на физички лица е за 140 подолг од лани а бројот на правни лица  кои не успеваат да ги намират своите долгови достигна 3479.

Вкупниот долг изнесува 285,86 милиони евра што е за 6,4 милиони евра повеке од претходниот месец. За 1,8 милиони евра се зголемил нето долгот за даноци и придонеси и сега тој изнесува 232,8 милиони евра а нето долгот за царински давачки е 3,27 милиони евра

Најголеми должници се приватни компании од Скопје, а по нив на црната листа повторно се јавни претпријатија кои со месеци не ги подмириле долговите за ДДВ,данок на добивка,персонален данок на доход,придонеси за социјално осигурување,акцизи и царини .

Мегу топ 10 должници и овој месец се ЈП Македонија Пат и ЈП Македонски шуми, потоа  Македонската радио телевизија,голем број претпријатија за водостопанство и хигиена, фирми загубари и компании во ликвидација,градежни фирми и агенции за вработување, општини, ресторани и др.

Без коментари

LEAVE A REPLY