Нови налози за апсење на 47 поранешни новинари и менаџери на „Заман“

0
342

Турските власти во среда издадоа налози за апсење на 47 поранешни новинари и менаџери во весникот „Заман“, кој наводно бил поврзан со Фетулах Ѓулен, пренесе AP.
Како што пренесува агенцијата Анадолија, најмалку еден новинар од тој список, поранешен колумнист на „Заман“ Сахин Алпај, веќе е уапсен и се наоѓа во притвор.

Турската влада во март ја презеде контролата врз весникот „Заман“, во чии простории упадна откако полицијата употреби сила и солзавец да ги разбие демонстрантите кои ја бранеа независноста на тој весник.

Пред три дена турските власти издадоа налог за апсење на 42 новинари од повеќе редакции, а од тој список до сега се пронајдени и приведени 16. /крај/он/ст