Нови постојки во Битола

0
871

Вака изгледаат новите автобуски постојки во Битола кои започнаа да се поставуваат. Една таква веќе е поставена на улицата „Филип Втори Македонски“, во близина на кружниот тек кај Дулие. Општината за утре најави прес-конференција за повеќе информации и детали за поставувањето на постојките.
Инаку автобуските постојки во Битола последен пат делумно беа обновени пред повеќе од една деценија, а моментално најголем дел од постојките се оштетени.
Исто така во март оваа година, Советот на Општина Битола донесе одлука според која секој превозник кој врши линиски превоз на патници во општина Битола е должен да плаќа месечен надоместок за користење на автобуските стојалишта, за секое застанување на автобусите согласно регистрираниот возен ред.
Согласно одлуката, превозниците имаа и можност со писмена изјава заверена на нотар да се согласат финансиски да учествуваат во реновирањето на автобуските стојалишта, а сразмерно на користењето на истите се ослободуваат од плаќање на надоместокот додека трае регистрираниот возен ред или посебниот линиски превоз.