Нови притвори за осомничени од „Tранспортер“

0
1652

Кривичниот суд денеска одредил уште две мерки притвор за осомничени лица во акцијата Транспортер која ја објави СЈО. За тетото лице мерка за претпазливост ( одземена патна исправа, обврска да се јавува кај службено лице во судот и забрана за напуштање на местото на живеење, односно градот ).

Како што за Тера телевизија изјавија од судот во Скопје, мерки притвор во траење до 30 дена им се изречени на осомничените С. М. и А. Ш.

Претходниот ден во судот на распит беа четири лица, а судот за едно од нив определи мерка домашен притвор, а за другите три лица мерка на претпазливост.