Нови протести пред говорот на Трамп во Калифорнија, а тој собра над 1.000 делегати

0
392

Нови протести беа одржани пред зградата во којашто во петокот се одржуваше говор Доналд Трамп, водечкиот меѓу кандидатите за номинација на Републиканската партија за американските претседателски избори во ноември, и минаа во многу тензична атмосфера со учество на повеќе стотици противници на милијардерот, меѓу кои некои ја гаѓаа полицијата со јајца, ден по инцидентите кои се случија на друг собир.

Десетици припадници на интервентната полиција формираа кордон околу хотелот во кој Доналд Трамп држеше говор и во кој мораше да влезе од задниот влез. Според фотографот на AFP, пред хотелот се собрале околу илјада луѓе кои протестителе против републиканскиот кандидат.

Групи демонстранти го опкружиле хотелот „Hyatt Regency“ во Барлингејм, близу аеродромот во САн Франциско, носејќи транспаренти со натписите „Трамп е идиот“, „Стравот и омразата не се претседателски квалитети“ и слично. Демонстрантите со јајца ги гаѓаа полицајците и се обидоа да го пробијат кордонот, а некои сакаа да влезат во хотелот кршејќи прозорци, јави AFP.

„Ова не беше мое најлесно влегување досега“, се шегуваш Трамп во говорот, додавајќи дека морал да мине низ ограда, алудирајќи на неговите најави дека доколку биде избран за претседател на САД ќе подигне заштитна ограда по должината на границата кон Мексико, како заштита од неконтролираниот влез на имигранти.

„Се чувствував како да минувам граница. Но успеав“, изјави Трамп.

За собирот одржан ден порано изјави дека тоа била „неверојатна“ вечер на која се собрале 31.000 луѓе, а „ниеден демонстрант не беше внатре“.

Во четвртокот вечерата избувна судир на протестот она стотина противници на Трамп кој држеше говор во Коста Меса, на југот од Калифорнија. Притоа дваесет луѓе беа уапсени.

Насилните инциденти зачестија на предизборните собири на Доналд Трамп, но тој успеа да се доближи до бројката делегати која му обезбедува добивање на номинацијата на Републиканската партија. Во петокот вечерта тој објави дека веќе ја има обезбедено поддршката од 1.001 делегат за националната конвенција на републиканците.

„До денеска ме поддржуваат 1.001 делегат. Само што ја минавме границата од илјада гласови“, изјави Трамп во Барлингејм на средбата со претставниците на Републиканската партија во државата Калифорнија.

За освојување на номинацијата за претседателски кандидат кај републиканците неопходно е во 19-седмичниот период на предизборите да се осигурат 1.237 гласови до делегатите на партиската конвенција којашто ќе се одржи во Кливленд, во државата Охајо од 18-ти до 21-ви јули.

Последните предизбори ќе се одржат на 7-ми јуни во сојузните држави Калифорнија, која носи најмногу делегати – 127 и може да биде пресудна, потоа Монтана, Њу Џерси, Њу Мексико и Јужна Дакота./крај/мф/сн