Нови распити во СЈО

0
320

Продолжуваат распитите во Специјалното јавно обвинителство (СJО) на лица поврзани со објавените и необјавените прислушувани разговори.

Засега не се знае кој точно е повикан на распит во СЈО бидејќи постaпките се тајни.

Минатата недела на распит во СЈО беа: лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот министер за култура Арифхикмет Џемаили, Силвана Бонева, сега член на ДИК, и Самка Ибраимовски, претседател на политичката партија ПЦЕР.

Освен Ибраимовски, кој изјави дека е повикан во врска со нерегуларности при гласањето на локалните избори во Шуто Оризари, останатите кои беа на распит не открија во кое својство се повикани и за кој предмет.

Претходно во СЈО се појави и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска која требаше да даде исказ за случајот „Тврдина“, но го одложи и побара да направи увид во доказите.

За истиот случај беше повикан  и Тони Јакимовски, шеф на кабинет на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева најави дека периодов интензивно ќе се повикуваат лица во Обвинителствто. Новото обвинителство се уште нема покренато обвинение за ниту еден од случаите./крај/мф