Нови спортски сали во Новаци и Могила

0
696

Жителите од Новаци и Могила добија нови спортски сали. Денеска во употреба ги пушти премиерот Никола Груевски. Премиерот подвлече дека спортските сали се е едни од 180-те сали во државата, владин проект во кој 85 веќе се изградени, а 15 спортски сали се во фаза на изградба.

„Во изградбата инвестиравме 23 милиони денари . Децата сега имаат нови сали и можност да играат во повеќе спортови бидејќи објектите се оспособени за спортување и тренирање гимнастика, кошарка, ракомет и мал фудбал, истакна Груевски. Тој потсети дека во рамките на овое проекти подобрени се условите за спорт и рекреација на околу 40.000 ученици ширум Македонија“, изјави премиерот Никола Груевски

tocka-171248

Пред учениците, наставниците и присутните гости почетокот на работата на новата спортска сала и важноста на таа инвестиција го поздравија заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски и градоначалникот Лазар Котевски, а потоа сите заедно со премиерот Груевски го посетија манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ каде денеска се одбележува големиот христијански празник Раѓањето на Пресвета Богородица – Мала Богородица.

Премиерот од Могила се упати во с.Долно Српци каде што го посети училиштето „ Кочо Рацин “, кое што беше опожарено во 2013 година а ја посети и најголемата фарма во ова село.

Премиерот при денешната посета на пелагонискиот регион ќе го отвори и Дистрибутивниот центар во Ресен.