Нови цени на нафтените деривати

Нови цени на нафтените деривати

0 655

Од ноќеска на полноќ возачите ќе точат дизел и бензин поевтино за два денари.

И двата типа нафтени деривати поевтинуваат според денешната одлука на Регулаторната комисија.

Тоа значи дека од ноќеска резервоарите ќе ги полните со бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 по цена од 65 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 67 денари за литар.

Падна на цената бележи и дизелот . ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) ќе чини 52, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 40,5 денари за литар.

26,955 денари ќе чини мазутот кој поевтинува за 1,337 денари .

Коментарите се затворени.