Нови закани на ИД

0
343

Џихадистот кој носи маска зборува француски јазик, има воена униформа и пиштол, а под маската може да се види и неговата руса коса.

ИД вчера објави видео снимка на која џихадист на француски се заканува за нападите на Западот и егзекуцијата на шпијуните во Ирак.

Видеото е објавено на џихадистичките сајтови, а се наведува дека го направила медиумската служба на ИД во ирачката провинција Ниневех, пренесува АФП.

Џихадистот на видеото се заканува дека ИД ќе изведе напади поради кои Западот ќе ги заборави нападите од 11 септември 2001 во САД и парискиот масакар.

Тој исто така наведува дека коалицијата со чело на САД кои се борат против ИД во Сирија и Ирак нема да бидат во состојба да ја победат оваа џихадистичка група, пренесува АФП.