Нови земјотреси во Италија

0
363

Во последниве 7 часа во централна Италија регистрирани се 7 земјотреси со различен интензитет.

Утрово околу 8.30 часот забележан е земјотрес со јачина од 3,1 степен Рихер, а само десетина минути пред тоа Италијанците ги стресе земјотрес со јачина од 3,6 степени.

Веќе подолг период подрачјето на централа Италија не мирува, а најсилниот земјотрес со интензитет од 6,6 степени, според Рихтерова скала во понеделникот ја погоди оваа област но за среќа немаше жртви и поголема материјална штета.

Истата област на 24 август беше погодена од силен земјотрес со интензитет од 6,2 степена во кој загинаа 297 луѓе.

Без коментари

LEAVE A REPLY