Новинар во улога на хуманитарец

0
1459

Ване Маркоски е новинар од Скопје, кој уште од првиот ден од големата катастрофа која го зафати скопскиот регион со поплавите предизвикани од големото невреме, се вклучи во голема хуманитарна акција на помош на настаданите во овој регион.

13956746_10208639578058707_940538089_n

Освен што тоа го прави заедно со неговите колеги од телевизијата во која што работи Канал 5, но и со други негови пријатели и познаници кои се вклучија во акцијата, постојано е активен и на социјалната мрежа Фејсбук каде што се обидува да ја анимира јавноста и да помогнат онаму каде што се бара помош.

Screenshot from 2016-08-12 13:27:04

На неговиот профил можат да се видат многу апели, контакти, повици за помош.

Screenshot from 2016-08-12 13:26:44

„ И денеска сме на терен, сите се мобилизирани, треба смиреност, дојде и помошта од Турција. Ви благодариме. Бевме во Ченто и Стајковци, апелираме за метли, лопати, нараквици, средства за чистење, чизми, прашоци за перење, сапуни, средства за дезинфекција за раце, пелени и алишта“ вака изгледа еден негов пост на оваа социјална мрежа.