Новинарката Анета Шијакова докторираше на ФИКТ

0
4167

На Факултетот за информатички и комуникациски технологии, при Универзитетот “Свети Климент Охридски”-Битола, во петокот докторираше нашата колешка, новинарката Анета Шијакова.

Темата со која таа се стекна со титулата доктор на науки е “Јакнење на капацитетот на Република Македонија за користење на Кохезивните и Структурните фондови на ЕУ и менаџирање на европски проекти”.

Истражувањето ги опфати сите општини во државата и се фокусираше на факторите кои влијаат на слабата апсорпција на европските фондови во Република Македонија.

Со цел да се предложат модели и решенија за подобро искористување на европските пари, во дисертацијата се обработува влијанието на образовните, институционалните и менаџерските фактори врз зајакнувањето на капацитетот за користење на европските фондови.

Шијакова, докторатот го обрани пред комисијата во состав на проф.д-р Виолета Пановска Бошкоска-ментор на истражувањето, доц. д-р Божидар Миленковски, проф.д-р Драган Груевски, проф.д-р Моника Марковска и доц.д-р Мимоза Богданоска Јовановска, од Факултетот за информатички и комуникациски технологии –Битола.

Без коментари