Новинарката Стојне Митева е добитник на наградата „Менде Петковски“

0
485

Стојне Митева, дописничка на телевизијата „Канал 5“ од Струмица е добитник на традиционалната награда за дописник на годината „Менде Петковски“, која секоја година ја доделува весникот „Дневник“.

12721822_1147063218639693_1355608947_n

Ова признание кое се доделува во спомен на прерано починатиот дописник на „Дневник“ од Битола Менде Петковски на Митева и се доделува за серија на прилози во минатата 2015 година, главно посветени на проблемите на социјално ранливите категории на граѓани.

12714109_1147063231973025_688617532_n

Во своите дописнички прилози од струмичкиот регион таа ги третира случаите на лицата и семејствата на кои им е неопходна финансиска помош за медицинските интервенции, но и лица кои се жртви на семејното насилство и кои бараат државата да ги заштити од агресивноста на поранешните брачни партнери.