Новинарот Никола Талевски ја доби наградата „Тоде Петрески“

0
917

„Тоде Петрески беше човек кој што ја сакаше вистината и секогаш пишуваше за вистината“, вака денеска рече доајенот на македонското новинарство Никола Талевски кој што ја доби наградата „Тоде Петрески“. Со емоции раскажа за нивното 35 годишно пријателство, присетувајќи се на нивните почетоци кога заедно уште во социјализмот го покренале весникот Јавор, потоа потсети на заедничката нивна работа, Талевски како дописник од Битола за МРТ а Петрески како дописник за македонското радио. Ги спомена и двата заеднички документарни филмови  кои што ги направиле за РЕК Битола и за градот Битола.

-Благодрение на упорноста на Тоде и поддршката што ја доби во својата фела, се поведе една поширока опшествена дискускија, но сепак Тоде ја доби битката и човекот кој ја упати заканата се извини, велејќи дека е погрешно сфатена.Придржувајте се до вистината и пишувајте, не плашете се. Кога ја презентирате вистината, никој не ви може ништо или реперкусијата ќе биде со мал здив, но вие ќе се издигате во новинарството, изјави новинарот во пензија Никола Талевски.
Во чест на Тоде Петрески доајенот на битолското и македонското новинарство Битолски весник ja востанови оваа награда.

Наградата Тоде Петревски на новинарот Никола Талевски му беше доделена во НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола во присуство на голем број почитувачи на новинарско дело на Петревски и пред членовите  на неговото потесно семејство.

-Многу ми значи и се сеќавам кога една вечер беа кај нас дома, Никола ми рече Снежана, Тоде секој ден се бори како лав, изјави сопругата на Тоде, Снежана Петреска.

Со оваа наградата досега се наградени голем број на битолски новинари. Никола Талевски зад себе има богата новинарска кариера, а иако е длабоко навлезен во осмата деценија од животот тој сеуште е активен новинар и го уредува локалниот двонеделник „Инфо Магазин”.