Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е Христијан Мицкоски, поранешниот директор на ЕЛЕМ

0
552

На синоќешната седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ избран е новиот состав на Извршниот комитет, а за генерален секретар на партијата избран е Христојан Мицкоски.

Последната негова функција беше претседател на управниот одбор и генерален директор на АД ЕЛЕМ. Д-р Мицкоски е и  и професор на Машинскиот факултет при УКИМ.

Мицкоски е досега објавил преку 100 научни трудови, а добитник е и на повеќе меѓународни награди и признанија за иновации. Тој бил делодтимовите на повеќе меѓународни развојни проекти од областа на енергетиката и мехатрониката.

Во 2001 година Мицкоски бил избран за најдобар дипломиран студент на Машинскиот факултет во Скопје. На универзитети во Германија и Италија магистрирал и докторирал. Од 2015 година до крајот на мандатот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ беше советник за енергетика на претседателот на Владата.

Во 2011 година Мицкоски бил и визитинг професор на Техничкиот универзитет во Виена.

Од партиските функции, Мицкоски од април годинава е претседател на кадровската комисија на ВМРО-ДПМНЕ, а член на комисијата е од јули минатата година. Во републичкиот изборен штаб учествувал во 2011 година, а претходно и во регионалниот изборен штаб на изборната единица 4, на изборите во 2008, 2014 и 2016 година.

mkd.mk

Без коментари