Новиот градоначалник на Лондон: Непознавањето на исламот кај Трамп ќе турне голем број муслимани кај екстремистите

0
935

Планот на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп на муслиманите да им го забрани влезот во Соединетите Американски Држави е одраз на неговото „непознавање на исламот“ што би можело да го направи светот помалку безбедно место бидејќи ќе ги „одалечи и одбие умерените муслимани“, изјави првиот лондонски градоначалник муслиман Садик Кан.

Иако во екот на предизборната кампања во декември по терористичкиот напад во Сан Бернардино изјави дека „на сите муслимани треба привремено да им се забрани влезот во Соединетите Држави“, Трамп вчера, реагирајќи на изборот за градоначалник на Лондон на Кан, за Њујорк тајмс изјави дека „секогаш ќе има исклучоци“ и најави дека Кан нема да се најде на удар на неговата предложена забрана.

„Необразованиот став на Доналд Трамп за исламот може двете наши земји да ги направи понебезбедни отколку што се сега. Имано, постои опасност да ги одалечи умерените муслимани од целиот свет и да ги бутне во рацете на исламистите“, изјави Кан за Ивнинг стандард.

„Тука не станува збор само за мене, туку и за моите пријатели и членови на семејството, но и за сите оние луѓе со слично потекло на моето, во кој било дел од светот. Доналд Трамп и тие околу него веруваат дека либералните западни вредности не можат да се усогласат со умерениот ислам – а Лондон го демантираше во тоа“, кажа Кан.

Без коментари

LEAVE A REPLY