Новиот градоначалник на Лондон, Садик Кан, положи заклетва

0
540

Садик Кан, од опозициската Лабуристичка партија, денеска положи заклетва како прв градоначалник муслиман на Лондон, пренесе ДПА.

Кан, кој е син на пакистански имигранти, по церемонијата на полагање заклетва во катедралата во престолничкиот кварт Садерк, изјави дека Лондон го исполнува со гордост, а неговиот избор за градоначалник му вдахна смирување.

-Сакам секој  жител на Лондон да ги искористи можностите кои овој град ми ги даде мене и на моето семејство – можности не само за преживување, туку и за успех, додаде новиот градоначалник.

Кан со 57 отсто од гласовите го победи својот соперник конзервативецот Зак Голдсмит, кој освои 43 проценти.

Без коментари

LEAVE A REPLY