Новиот руски авион конкурентен на Boeing и Airbus

0
478

Новиот руски патнички авиони со среден долет кој е претставен во градот Иркутск во Сибир, според извештаите на руските државни медиуми, треба да биде кoнкурентен на оние на најголемите светски произведувачи „Boeing“ и „Airbus“, а во повеќе елементи и подобра, и наскоро се очекува да се најде во флотилите на руските, но и на странските воздухопловни компании, пишува Reuters.

На свеченото претставување на моделот на патничкиот авион со ознаката „МС-21“ присуствувал и рускиот премиер Дмитриј Медведев.

„Потполно сум уверен дека овој авион ќе биде гордоста на руското цивилно воздухопловство, како и дека нашите граѓани, како и странските, ќе уживаат летајќи со МС-21“, изјавил рускиот премиер на свеченото претставување на леталото кое сé уште е во пробната фаза, а сериското производство треба да започне следната 2017 година.

Авионот ќе биде понуден во две изведби, поголемиот „МС-21-300“ за 160 до 211 патници, и „МС-21-200“ кој ќе може да прими 130 до 165 патници. Според медиумските извештаи, компанијата „Иркут“ веќе склучила многу договори со домашни и со странски компании, а авионите треба да започне да ги испорачува во 2018 година.

Произведувачот тврди дека авионот ќе може да покрие оддалеченост до 6.400 киломeтри, а дека оперативните трошоци на летовите ќе бидат за 15 отсто помали од оние кои ги изведуваат авионите од сегашното поколение.

„Ова летало не е направено од метали, туку од композитни материјали. Тоа ни овозможува да го обликуваме авиони на посебен начин. Значително е полесен и поцврст, што претставува голем напредок во нашата воздухопловна индустрија“, изјавил потпретседателот на компанијата „Иркут“, Владимир Волков./крај/мф/сн