Новите прислушувани разговори со функционери од ДУИ веќе ги истражува скопското обвинителство

0
459

Деновиве во јавноста се појавија нови снимки од прислушувани телефонски разговори на јавни личности од Македонија. Овојпат се работи за телефонски разговори на неколку високи функционери од ДУИ и бизнисмени. Скопското јавно обвинителство отворило предмет за овие случаи.

Обвинителите веќе водат истраги за тоа од каде „протекле“ снимките и кој ги објавил на социјалните мрежи.

Повеќе портали на албански јазик деновиве објавија снимки објавени на социјалната мрежа Фејсбук. Администраторот на страницата тврди дека станува збор за снимки на пратеничката од редовите на ДУИ, Ермира Мехмети, и поранешниот вицепремиер Муса Џафери, како и други високи функционери на ДУИ, меѓу кои и лидерот на партијата, Али Ахмети.

Пратеничката Мехмети веќе изјави дека на снимките не е нејзиниот глас и дека се работи за манипулација.

Без коментари

LEAVE A REPLY